Култура/Забава

logo-dark-261x300

Компанијата „Продизајн“ која е финансиски поддржана од ФИТР, овозможи бесплатно користење на апликацијата InRoomPreview, односно нови бесплатни акаунти за сите оргинални креативци кои би сакале да ги имаат своите дела во апликација за визуелизација: ликовни уметници, фотографи, тату артисти, декорација на дом – изработка на лампи, декорации за ѕид. Од компанијата ги повикуваат сите заинтересирани да го искористат времето креативно, да ја користат апликацијата и да ги видат делата на нашите уметници виртуелно дома. Под секое дело има линк, со кој може директно да се контактира авторот.

Доколку ја користите во демо верзија, на апликацијата засега може да се видат оргиналните дела на:

The Art of Monika Rizovska – дела од Моника Ризовска

Poptart Gallery London – дела од Софија Сулејман и Мартин Митровски

bm – дела од Моника Блажевска

C37 – colours & abstractions – Ана Ивановска, Геновева Качуркова, Христина Зафировска

Feminefish – дела од Мирослав Величковски

”WAVES and IMPRESSIONS” – дела од Наташа Поповска Карче

Rinocca – лампи и мебел од Катерина Трајковска

Gnievyshev Art – Алексеи Гниевшиев

Leine Art – Полина Газеева

Апликацијата е во фаза на доработка, но е достапна на App Store и Google Play, додека зборот за пребарување е inroompreview.

Index-share

13419162_10154219144869817_7489332048889548163_nИздавачки центар ТРИ во соработка со Кодвел Анлимитед нудат:

Издавачки центар ТРИ, со цел да им излезе во пресрет на читателите во периодот на изолација, предвреме ја става во функција својата нова специјализирана апликација за читање на електронски книги Kniga.mk, изработена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Кодвел Анлимитед.  За сите корисници во текот на еден месец издвојуваат 20 бесплатни ексклузивни изданија од својата продукција. Единствено што треба да направите е да ја преземете апликацијата Kniga.mk од App Store и Google Play.

59692210_409930286253348_3666711952526147584_n

КНИГОТЕКА Нуди:

Во услови на домашна изолација поради заштита на сопственото здравје и здравјето на сите околу нас, Книготека заедно со нивните партнери издавачи Ви подаруваат бесплатен ваучер за преземање е-книга од нивната книжарница по Ваш избор.

ВР ПОРТ

ВР ПОРТ Нуди:

Прошетајте се низ македонското културно наследство без воопшто да се поместите од вашето столче. Ви претставуваме осум виртуелни музеи, изложби и локалитети.

10945716_452346734912494_4872500240732470949_n

ДАРК -1 Нуди:

Видео игра “Odium to the Core” бесплатна до крајот на месецов, за windows платформата.

mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian