Нашата организација

Фондот за иновации и технолошки развој е основан во декември 2013 година, со цел поттикнување на иновациите, преку обезбедување дополнителни извори за финансирање на иновациите, заради потребата да се изгради конкурентна економија основана на знаење.

Организациската структура на Фондот за иновации и технолошки развој ги опфаќа следните организациски единици:

  • Директор
  • Сектор за програмски активности
    • Одделение за подготовка на програми
    • Одделение за спроведување на програми
  • Сектор за општи и правни работи и финансии
    • Одделение за правни работи, јавни набавки и архива
    • Одделение за финансии и сметководство

Органи на управување на Фондот се: Управен одбор, Комитет за одобрување на инвестиции и Директор.
Владата на Република Северна Македонија ги именува членовите на управните органи и директорот.

Управниот одбор го сочинуваат:

– Г-ца Моника Јованова
– Г-дин Александар Стефановски
– Г-дин Бранко Ничота
– Г-дин Димитрија Анѓелковски
– Г-дин Дритон Зибери
– Г-дин Пиштар Лутфиу


Комитет за одобрување на инвестиции

Комитетот за одобрување на инвестиции го сочинуваат 5 членови, кои се избрани и именувани од Владата на Република Северна Македонија. Комитетот ги разгледува и ги одобрува предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот. Членовите на Комитетот се избираат од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност.


д-р Кларис Бехар Молад

Претседател

Професор Молад повеќе од 12 години искуство во обезбедување ефикасен развој на бизниси, консултантски услуги како и во областа на држење предавања во третиот циклус студии. Таа исто така обезбедува стратешки решенија во однос на светските трговски односи и лансирање старт ап компании. Нејзините експертизи се во областите на стратешко планирање и спроведување, менаџирање бизниси, претприемништво, мотивација на вработените, маркетинг и продажба, дизајн и употреба на информатички системи, како и интернет маркетинг.

Во текот на нејзината професионална кариера, таа ги координирала и развила придонесите на 12 различни земји во однос на регионалните старт ап заедници, дизајнирала и развила меѓународен курс за економија, работела како главен консултант во УСАИД на проект за лансирање интернет тренинзи на Балканот.


Вибу Шарма

Во моментов работи како директор во компанијата Филипс во Ајндховен, Холандија за издавање лиценци за технолошки потфати и е одговорен за деловната стратегија и нови бизнис модели на компанијата. Шарма води тим од иноватори, експерти по пазарна економија и по права од индустриска сопственост кои работат на развој на нови иновативни проекти во компанијата. Тој претходно раководел со глобалниот тим за дигитална трансофрмација на Сименс во Кина, САД и ЕУ. Шарма е магистер по маркетинг и менаџмент на производи од Универзитетот Кембриџ во Велика Британија и магистер по електро-инжинерство од Универзитетот Њу Јорк. Исто така тој е доктор по науки по електро-инжинерство на независниот католички универзитет „КУ Левен“, во Белгија.

Шарма има големо искуство во лансирање нови производи, иновативни производи и трансфер на технологии, поседува неколку патенти и автор на повеќе книги поврзани со иновации.


Ноел Грегор Петерсон Џоунс

Патерсон Џонс е член на Советодавниот одбор на „Коалицијата за зелен капитал“ (Coalition for Green Capital) што претставува збирка на суверени меѓународни зелени банки,  меѓународен член на Европскиот инвестицискиот стратешки фонд (European Strategic Fund for Investment- ESFI), специјален советник на Светска Банка за програмата за обврзници во Уганда, како и Кенискиот пензиски фонд. Патерсон Џонс исто така е специјален советник на извршниот директор на Фондот за капитален развој на Обединетите Нации во области кои опфаќаат поддршка на микро и мали претпријатија во најмалку развиените земји во Африка и Југоисточна Азија.  Претходно бил еден од главните менаџери и финансиски директор на Дилојт во Јужна Африка.

Патерсон Џонс е магистер по студии за менаџмент од Универзитетот Оксфорд, а има дипломирано математика и психологија на Универзитетот во Кејптаун, Јужна Африка.


Доналд Луис ЏР

Тој е член на катедрата за менаџмент при економскиот факултет Маис од 1999. Во моментов работи како извршен професор и извршен директор на Блекстоун Ланчапд ТАМУ.

Има опширно искуство во меѓународна економија, како и во образованието што се однесува на претприемништвото и малите бизниси. Тој исто така е претприемач со европско искуство, и е добитник на престижни меѓународни награди од областа на образованието и претприемништвото.

Луис има дипломирано менаџмент и е носител на магистратура во истата област од универзитетот во Тексас.

Николаос Георгулас

Во моментов работи како претседавач на советот на директори на фирмата Вајтстепс СА, која што е приватна фирма која се грижи за интересите на акционерите во земји како Грција, Бугарија, Северна Македонија, чиишто бизниси имаат за цел да ги прераснат границите на самата земја. Тој исто така има работено и како извршен директор во Телко, компанија за влез на податоци и индустриски автоматизми со претставништва во Грција, Бугарија, Либан, Северна Македонија, потоа во телекомуникациската компанија на Ерменија, Арментел, Арго осигурување, Албатрос ДОО, Мултипак САИК и друг. Тој има дипломирано меѓународни односи на универзитетот Падиос во Атина, и е магистер по финансии.

Советник за оперативно работење

Д-р Петар Моѓуроши е советник на Фондот за оперативно работење. Неговата улога е да обезбеди поддршка на менаџментот на Фондот, преку обезбедување меѓународна експертиза во полето на поддршка на иновациите.

Д-р Петар Моѓуроши е мнозински сопственик и директор на „Laser Consult Ltd“. Дипломирал физика во 1984 година и завршил докторски студии во областа на модификацијата на површини на микрометарска скала преку употреба на ласер (laser surface micro-texturing) во 1986 година на универзитетот „József Attila“ (JATE), Сегед, Унгарија. Осум години работел како истражувач, најпрво на универзитетот JATE, а потоа на универзитетите во Линц и во Упсала. Во 1992 година го основа „Laser Consult Ltd“. Автор е на повеќе од 25 меѓународни научни публикации и на 6 нови публикации од полето на управувањето со иновации.

Како директор на „Laser Consult Ltd“, неговите главни области на активност и на експертиза се во управувањето со иновации, во соработката меѓу индустријата и во истражувачката дејност, како и во севкупниот трансфер на технологија и на развој на проекти за меѓународни клиенти. Во последните 20 години работи како надворешен консултант на многу проекти за Европската унија, за НАТО и за Обединетите нации.

mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian