ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕНОЛОШКИ РАЗВОЈ

Почитувани,

Во врска со постапките за аплицирање, евалуација и доделување на финансиска поддршка за ко-финансирање на инвестиции во иновации и технолошки развој, Ве известуваме за следното:

Фондот за иновации и технолошки развој НЕ поддржува, НЕ учествува, ниту пак соработува со физички или правни лица во активности и дејствија поврзани со посредување во обезбедување на финансиска поддршка.

Секој јавен повик со сите потребни информации, вклучително и апликацискиот формулар и буџет, критериумите за евалуација, можноста за користење на техничка помош при подготовка итн. се објавува на официјалната веб страна на Фондот (https://www.fitr.mk), а процедурите за одлучување се јасно и транспарентно објаснети во делот „За нас“ достапен на следниот линк: https://www.fitr.mk/#za-nas

Дополнително, сите јавни повици и проекти, како и резултатите од истите транспарентно се објавуваат во јавноста, со цел да се задржи високото ниво на отчетност и двонасочна комуникација кое Фондот го гради со медиумите и целокупната јавност.

Фондот ги повикува сите лица кои имаат сознанија или информации за незаконски активности поврзани со посредувања во доделување на финансиска поддршка, истите да ги пријават до надлежните државни органи за спречување на криминал и корупција.

Контакт податоци од ФИТР:

ул. ГТЦ, локал 6, Д.Е. 220
1000 Скопје, Р. Северна Македонија
+ 389 (0) 2 314 5258
info@fitr.mk

Контакт податоци од Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК):

Даме Груев бр.1
1000 Скопје, Р. Северна Македонија
dksk@dksk.org.mk
+389 2 3215 377
+389 2 3215 380

Контакт податоци од Транспаренси интернешнал – Македонија:

Наум Наумовски Борче 58
П.Ф. 270
1000 Скопје
Р. Северна Македонија
info@transparency.mk
+389 2 3217000
+389 2 3217000

Ви благодариме на соработката.

Скопје, 08.02.2019

Фонд за иновации и технолошки развој

mk_MKMacedonian
en_USEnglish mk_MKMacedonian